Нашите момци од црвено – црниот кугларски колектив од вчера се во Австрија каде ќе дебитираат денеска на за нив првиот европски предизвик НБЦ-купот, турнир на кој учествуваат поранешни екипи кој се европски шампиони. Во текот на вчерашниот ден нашата делегација се појави на свеченото отварање , вистинска гордост е што на овој европски куп престаник е тимот на Вардар.
Вардарци имаа успешни подготовки со три победи кој покажаа дека тимот е во одлична форма. Особено радува победата од четвртокот каде беше поставен нов неофицијален екипен рекорд на контролниот натпревар против КК ГТЦ. На последната контролка беа соборени се рекордни 3618 кегли со просек од 603. Како и на првите контролки така и на оваа повторно најистакнато беше ударното дуо Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски со соборени 657 односно 630 кегли. Радува што и остаатите покажаа ниво така на одличната игра се придружи и искусниот Миле Димковски со 607, Дарко Димовски со 562, Марјан Згонц со 589 и Дане Јакимовски со 573. Нашите момци денес во Австрија ќе се обидат да обезбедат што подобар пласман на ова европско натпреварување затоа им посакуваме среќа.