Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА дуелот со Татран Прешов низ директен пренос на МТВ собраниски
СЕХА дуелот со Татран Прешов низ директен пренос на МТВ собраниски

СЕХА дуелот со Татран Прешов низ директен пренос на МТВ собраниски

Четвртиот дуел во СЕХА регионалната лига на нашиот црвено – црн машки ракометен колектив ќе може да го проследите низ директен пренос на Македонската радио и телевизија.

МТВ преносот ќе го врши на собранискиот канал со почеток во 18 часот и 30 минути. За РК Вардар ова е четврти дуел во регионалната лига на првите три однесе исто толку победи. Вардаци по само ден одмор од возбудувањата во ЕХФ лигата на шампионите денес ги чека дуел со традиционално незгоден противник за нас. Сепак како што истакнаа од црвено – црниот табор на вчерашната пресконференција дуелите во регионалната лига се добредојдени за остранување на недостатоците во играта, воигрување на нови комбинаии пред продолжување на возбудувањата во најкалитетното европско клупско натпреварување каде Вардар е на врвот на табелата со две победи од две кола.