Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Почина Петар Шулинчевски-Шули член на легендарната генарација на ФК Вардар која 1961 го освои Купот на Маршалот

Почина Петар Шулинчевски-Шули член на легендарната генарација на ФК Вардар која 1961 го освои Купот на Маршалот

tt

Жална вест за црвено – црното семејство почина Петар Шулинчевски, една од најголемите вардарови легенди и уште еден член на првата трофејна генерација од 1961 година која го беше шампион во  “Купот на Маршалот“!


Кратка биографија за него:
Преку родниот Ресен и градот под Тумбе Кафе, Битола, во 1956 година стигна во Вардар. Член на првите единаесет кои во Белград го совладаа Вартекс во финалето за освојување на Купот на Маршалот. Во Вардар беше цели 12 години и за тој период има одиграно 317 натпревари и постигнато 190 голови. Од Вардар замина во САД за да игра за Чикаго Мустангс.
По завршувањето на играчката кариера, долги години беше тренер на Вардар, едно време и на првиот тим, потоа на помладите селекции.

фото и извор : Фб - Вардарова колекција