Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црните си “поиграа“ со Татран и ја продолжија победничката серија
Црвено-црните си “поиграа“ со Татран и ја продолжија победничката серија

Црвено-црните си “поиграа“ со Татран и ја продолжија победничката серија

Вардарци ја запишаа четвртата победа во сеха натпреварувањето и само ја продолжија победничката низа која трае од почетокот на новата сезона. Во С.Ц Јане Сандански вечерва за противник го имавме Татран Прешов, кој високо го поразивме со резултат 39:32

Иако имавме само еден ден за одмор после мечот против Пик Сегед, заморот воопшто не се почуствува кај нашите момци, кои му одржаа лекција по ракомет на Словачкиот првак. Противникот беше рамноправен тим само до 12 минута, кога ниту една од екипите не успеаа да се одлепи на повеќе од два голови разлика. Дури Татран имаше предност од 4:6 во 8 минута од овој дуел. Црвено-црните започнаа на бековската линија со Македа, Деревен и Циндриќ. Македа одлично го одигра првото полувреме каде имаше 4 голови од исто толку обиди. Свое шоу во овој дел имаше и Руското крило Дибиров, кој успеаа да пресече две топки и во контра-напади да го совлада голманот. Со првиот гол на Лацковиќ во 22 минута имавме предност од 15:10. Понатаму стрелците во нашиот состав само се менуваа и го зголемуваа водството.

Татран воопшто немаше игра со која можеше да одговори на нашите напади. Делуваа на моменти изгубено, што ни овозможуваше лесни погодоци. Треаба да се одбележи и играњето на Милиќ, кој беше стартер на голманската позиција на овој меч. Првото полувреме го заврши со 5 успешни интервенции. Првиот дел завршува со два последователни погодоци на Душебаев за резултат 23:13, со кој се замина на пауза.

Второто полувреме на голот го започна Ангелов, кој по подолго време се враќа во тимот. За дест минути успеаа да одбрани три удари на противникот. Највисоката предност од 11 голови ја имавме во 41 минута, кога поведовме со 29:18. Во наредниот период ништо ново на теренот, само ја одржувавте стекнатата позитива која се движеше од 9-11 голови. Своите први голови на овој меч ги постигнаа капитенот Лазаров и Брумен. Деревен само ја полнеше мрежата и докажува дека се работи за квалитетно засилување. Конечниот резултат гласеше 39:32.

Најефикасен во нашиот состав беше Манасков со 8 голови, Деревен постигна 7. Македа и Дибиров беа стрелци на 4 погодоци.