Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Марко Николовски со најголема минутажа кај генерација 2006 на ФК Вардар
Марко Николовски со најголема минутажа кај генерација 2006 на ФК Вардар

Марко Николовски со најголема минутажа кај генерација 2006 на ФК Вардар

Генерацијата 2006 на ФК Вардар стана есенски шампион во регионалната-скопска лига, откако ги доби сите 14 натпревари во овој дел од сезоната.

Претходно направивме преглед на остварените резултати, а во овој текст ќе ја изнесеме статистиката за играчите кои се дел од оваа генерација. Шест играчи можат да се пофалат дека биле дел од составот на сите 14 натпревари, без разлика дали започнале како стартери или влегле во игра од клупата. Тоа се Марко Николовски, Милош Спасовски, Алтин Алији, Нуман Ајетовиќ, Алтин Нурединовски и Андреј Величковски.

Со најголема минутажа во есенскиот дел е заменик капитенот, се работи за Марко Николовски кој има одиграно вкупно 1.066 минути, додека втор е Милош Спасовски со 1.052 поминати минути на терените.

Оваа екипа покажа голема дисциплина во играта, за што говори фактот дека немавме ниту еден црвен картон, додека добивме само пет жолти картони.

2006