Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Азер Омерагиќ постигна најмногу голови за вардаровите кадети во есенскиот дел
Азер Омерагиќ постигна најмногу голови за вардаровите кадети во есенскиот дел

Азер Омерагиќ постигна најмногу голови за вардаровите кадети во есенскиот дел

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го финишираа есенскиот дел од сезоната на делба на првото место, освојувајќи еднаков број на освоени бодови со екипата на Шкендија.

Оваа генерација успеа да постигне вкупно 36 голови, во двете натпреварувања ( лига и куп). Најдобар стрелец на вардаровите кадети на полусезоната е Азер Омерагиќ кој постигна вкупно 9 голови.

Ова се играчите кои ги постигнаа сите 36 голови во есенскиот дел од сезоната:

1. Азер Омерагиќ  9

2. Леонид Игнатов  6

3. Абдула Хасани, Харбин Речица, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Георг Стојановски по 3 гола

4. Фисник Салиу, Атом Фазлиу, Петар Гугуљанов, Виктор Крстевски по 2 гола

5. Александар Ѓурковски 1 гол.