Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нимани си заминa од Анталија
Нимани си заминa од Анталија

Нимани си заминa од Анталија

Францускиот играч Фредерик Нимани кој беше на проба во ФК Вардар, по 20-сетина дена си замина од базата на црвено – црните, и тоа со наведната глава. Нимани дојде во Анталија да се наметнува кај Седлоски, но веројатно Нимани не ги импресионираше луѓето од ФК Вардар, па затоа и не доби договор.

Нимани во Анталија одигра и три пријателски средби, постигна еден извонреден погодок против Волфсбергер уште на првиот тест, но тоа не беше доволно. Нимани вчера откако ја дозна оваа вест, со солзи во очите  се поздрави со вардаровите играчи, и со наведната глава ја напушти Анталија. Ние сме сигурни дека во ова момче има потенцијал, па му посакуваме на Нимани да најде што по скоро нов ангажман.