Утре во 10 часот женската пионерска екипа на ракометниот клуб Вардар ќе замине за Србија, каде во периодот од 13-15-ти февруари ќе учествува на меѓународен турнир во Зрењанин-Србија. Вардарки се во група со Турунум, Нов Белград, Камп Црвенка и Јаша Томиќ. Првиот меч нашите млади надежи ќе го одиграат во сабота со почеток од 16:40 часот, против екипата на Нов Белград. Ова ќе биде собирање на искуство за овие млади девојки, кои во иднина треба да созреваат во вистински професионални играчи.
Тренерот Драгана Ристова-Пецевска се одлучи во Србија да ги понесе следниве ракометарки: Ангела Гроздановска, Јована Трајкоска, Александра Миленковска, Стефанија Лазаровска, Ангела Коцевска, Јана Арсовска, Стефанија Ѓорѓиевска, Андреа Седлоска, Ивана Станчева, Мирјана Петковска, Катерина Крстевска, Сара Миновска, Ангела Костовиќ, Марија Галевска, Ива Ангеловска, Катерина Дамјаноска, Јана Донева, Ангела Цветановска, Лилија Ивановска и Магдалена Насковска.
Пионерките на Рк Вардар беа дел од турнирот “Вардар, еден живот една љубов, на кој настапија со две екипи. Рк Вардар Јуниор го освои треттото место, додека Рк Вардар заврши на крајот како првопласиран. Се надеваме на одлични игри и на турнирот во Србија и освојување на некој медал