Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Започна продажбата на карти за натпреварот со Кристијанштад
Започна продажбата на карти за натпреварот со Кристијанштад

Започна продажбата на карти за натпреварот со Кристијанштад

Веќе е започната продажбата на билети за натпреварот од 12 коло во лигата на шампиони, помеѓу екипите на Вардар и Кристијанштад, натпревар кој ќе се одигра на 20-ти вевруари во спортскиот центар Јане Сандански.

Секој работен ден во периодот од 10-18 часот пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански можете да набавите билет за овој натпревар, како и онлајн преку продажната мрежа на http://www.ticketplus.mk/. Дополнителни информации за продажбата на билети можете да добиете на телефонскиот број + 389(2) 2 40 19 80.

Цените на билетите се следните:

Стоење – 150 денари
Трибини 1, 2, 9 – 300 денари
Трибини А1/Б1 – 250 денари
Централни трибини – 400 денари

На првиот натпревар одигран во Шведска, црвено-црните забележаа триумф со резултат 25:30. Овој меч ќе биде одлична можност со нови два бода да ги зголемиме шансите за освојување на што повисоко место на табелата во групата Б.