Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци испуштија позитивен резултат во последнaта минута
Вардарци испуштија позитивен резултат во последнaта минута

Вардарци испуштија позитивен резултат во последнaта минута

Вардарци испуштија голема прилика со позитивен резултат од мечот во “Фрапорт“ арената да се искачат место погоре на табелата. Конечниот резултат гласеше 28:27, иако во најголем дел од натпреварот имавме водство.

Првиот погодок на натпреварот го постигна домаќинот на овој натпревар, додека за нас стрелец беше Сергеј Горбок. До седмата минута се играше израмнето кога резултатот на семафарот гласеше 3:3. Од тие моменти црвено-црните го преземаа водството, кое константно го имаа до крајот на првото полувреме. Арпад Штербик ја забележува својата прва одбрана, што му овозможува на Циндриќ од полу-контра за прв пат да не доведе до предност во осмата минута од мечот. Одлично прво полувреме одигра Алекс Душебаев кој постигна дури пет голови, со неговиот погодок во 14 минута имаме предност од два гола 5:7. Сепак за кратко време Рајн-Некар успева да го израмни резултатот на 7:7. Следува период од одлични пет минути во играта на Вардарци, кои успеваат да направат серија од три последователни голови и за прв пат да имаат позитива од три погодоци 7:10. Душебаев постигна два гола по ред, додека за најголемата предност најголема улога имаа Дибиров и Тоскиќ со една добра акција. Шпанскиот репрезентативец во редовите на Германската екипа, ја прекинува нашата серија и го намалува резултатот. Сепак ние продолжуваме да го одржиме одличното темпо на игра, па со голот на Горбок повторно имаме водство од 9:12. Испуштивме голема прилика со оваа позитива да заминеме на полувреме, откако имавме напад но не успеавме да го искористиме, а во последните секунди од голема далечина погодува Екдал Дуритц. Резултатот на полувреме беше 14:15.

Ново израмнување на стартот на вториот дел со гол од седум метри на Генсхајмер. Во следните пет минути се играше гол за гол на двете страни, ние сепак со голот на Дибиров повторно се враќаме во водство од 16:17. На голот на Рајн-некар застана Борко Ристовски кој веќе забележа четири успешни интервенции, придонесувајќи неговата екипа да има водство од 20:19. Следи пад во нашата игра не успеавме да погодиме неколку зицер позиции, најпрво Марсениќ, па Дибиров. Тоа умешно го искористува противникот за прв пат да има водство од два гола разлика. На голот кај нас застанува Ангелов, кој го менува Штербик. Циндриќ со одличен продор успева да погоди за ново израмнување. Популарниот Диви успева да му одбрани седмерец на најдобриот противнички играч и да не одржи во игра за позитивен резултат. Со својот трет погодок и тоа сите со ударите  седум метри, Дибиров го израмнува резултатот на 23:23. Следува неизвесна завршница каде резултатот е израмнет. Сепак во финишот подобро се снајде Рајн-Некар кој забележа победа со резултат 28:27.

Горбок беше најефикасен со 7 голови, додека по 5 постигнаа Дибиров и Душебаев. Следниот натпревар за црвено-црните е на 20-ти февруари на домашен терен, против екипата на Кристијанштад.