Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (Фотогалерија) Нимани дебитираше за Фк Вардар и тоа со гол
(Фотогалерија) Нимани дебитираше за Фк Вардар и тоа со гол

(Фотогалерија) Нимани дебитираше за Фк Вардар и тоа со гол

Францускиот играч Фредерик Нимани кој е на проба во Фк Вардар, денеска го имаше своето деби во новиот дрес. Овој робусен црномурест играч влезе во игра во второто полувреме, и ги одигра вторите 45 минути од натпреварот. Според она што го видовме се работи за висок шпиц играч, кој игра многу добро со глава, но и техниката му e добра страна. Несомнено школата на Монако имала голем удел во играта на Нимани. Нимани во 71 минута од натпреварот доби една уподреблива топка, виде дека голманот на австријците е под излезен, и успешно го матираше со лоб удар за 3:1. Останува Нимани својата добра игра да ја пренесе и на следните натпревари во Анталија.

Фотогалерија од првиот настап на Нимани во Вардар.
Фото: fkvardar.mk