Ракометарите на Вардар, Дејан Мансков и Тимур Дибиров се наоѓаат во ТОП-10 листа на најдобри стрелци до овој период на Европското првенство во Полска. Сите играчи кои се најдоа на оваа листа, имаат одиграно по пет натпревари за своите репрезентации на овој мундијал. Интересно е што врвот го држи нашиот капитен Кирил Лазаров, кој заедно со Михал Јурецки од Полска имаат постигнато по 32 гола.Третото место му припаѓа на Валеро Ривера со 30 гола, кој доаѓа од Шпанија. Дејан Манасков со вкупно 28 постигнати голови се наоѓа на шесттото место, додека еден гол помалку или вкупно 27 на ова првенство зад името на Тимур Дибиров кој ја зазема седмата позиција на листата на најефикасни играчи.
Русија и Македонија е познато веќе дека ги загубија шансите да се најдат во полуфиналето. Утре двете репрезентации ги играа последните мечеви од новоформираните групи. Нашата селекција од 16 часот се среќава со Белорусија, додека Русија за противник ќе ја има силната селекција на Шпанија. Овој меч е посебно интересен поради настапот на шест Вардарови играчи во двете репрезентации и тоа по тројца на двете страни. Кој ќе биде поуспешен ќе видиме утре вечер, Шпанците со триумф си обезбедуваат полуфинале, додека Русија се бори за што повисок пласман на крајот од овој мундијал.