Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > МВР го врати терминот на Вардар – Пелистер, ќе се игра од 13 часот
МВР го врати терминот на Вардар – Пелистер, ќе се игра од 13 часот

МВР го врати терминот на Вардар – Пелистер, ќе се игра од 13 часот

И кога се требаше да биде поинаку, и кога требаше да има фешта на трибините и одличен термин за игра, сепак, вечното дерби на Вардар и Пелистер ќе се игра од 13.00 часот во недела а не како што се договорија двата тима во 18 часот под рефлектори.

Оваа одлука ја донесе МВР кој реши да го врати стандардниот термин и истиот да се игра со почеток од 13.00 часот како и сите останати дуели од ПМФЛ. Зашто е вратен терминот на 13.00 часот сеуште не е познато.

Оваа одлука секако дека ќе влијае и на бројноста на трибините, па уште еднаш прашуваме за кого се игра фудбалот во Македонија..