Денес на градскиот стадион во Тетово, екипата на Ренова го пречека ФК Вардар во дуел во рамките од 15. коло од Првата лига. Во еден ефикасен дуел црвено-црните дојдоа до победа со 2-5 (2-4.) Јаневски Чеде дуелот го почна со : 1. Алексовски, 7. Џигаури, 9. Блажевски, 10. Николов, 14. Велковски, 16. Глигоров, 21. Новак, 23. Демири, 30. Тодороски, 70. Фелипе, 72. Максимов.
Некој нов напаѓачки Вардар видовме денеска во Тетово во првиот дел. Црвено – црните изгледа дека ги наместиле нишанските справи одлично изминатиов викенд, па така во Тетово за само 45. минути дадоа дури четири погодоци во мрежата на Кобетиќ. Првиот гол попладнево беше дело на Велија кој си постигна автогол по топката со глава која ја спушти во шеснаесетникот на домаќините Максимов. За вториот гол не се чекаше многу, веќе во 14. минута беше досуден пенал за Вардар, Дејан Блажевски ја зеде топката и биеше прецизно за 2:0. Во 26. минута и Ренова потцети дека е присутна денеска, Гафури со глава беше прецизен во левиот агол од голот на Алексовски за 1:2. Само четири минути подоцна Фелипе одлично додаде во празно до Максимов кој излезе сам пред Кобетиќ и биеше прецизно за 1:3. И повторно дојде нов гол, Ренова намали на само еден негатива во 32. минута со гол на Гафури. За мирни плус два на пауза се погрижи Фелипе во 45. минута со прекрасен гол од слободен удар од 25 метри.
Вторите петнаесет минути од вториот дел поминаа мирно и без закани кон головите на Алексовски и Кобетиќ, Вардар ја имаше топката во свој посед но без посериозна акција кон голот на противникот. Во 60.минута Максимов беше во противнапад од десната страна, стигна сам пред голот упати удар, но Кобетиќ одбрани. Потоа во истата акција Глигоров од дваесетина метри упати силен шут, топката ја погоди стативата од голот на Ренова. Две минути по оваа прилика Максимов беше во нова шанса, тој се движеше по десната страна, но сепак шутира само над голот на “гипсарите“. Потоа вардарци со умна игра ја чуваа предноста стекната по крајот на првиот период на овој дуел. На 10.минути до крајот на регуларниот дел домаќините се заканија преку Петковски чии удар оди само над голот на црвено-црните. Во 89.минута успеавме да погодиме и да постигнеме уште еден прекрасен гол, овој пат Итало од дваесетина метри шутираше прецизно во горниот лев агол од голот на домаќинот. Тоа беше последно возбудување на овој дуел во кој покажавме дека можеме да бидеме ефикасни во офанзива.