Во сабота во Скопје гостува Рајн Некар (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански”), тим што заедно со Вардар немаат пораз по седум одиграни натпревари. Ова ќе биде седми меѓусебен натпревар на Вардар и Рајн Некар во лигата на шампионите. По тој повод прес конференција имаше црвено-црниот тим.
Раул Гонзалес – тренер на Вардар
„Ќе играме против шампионите на германска лига, очекувам тежок и чуден натпревар. Чуден бидејќи тие имаат секогаш непријатна тактика „7 на 6″, затоа нашата одбрана треба да биде многу подобра. Имаат навистина добри играчи од кои се очекува многу. Многу нешта зависат од тоа како ќе одигра Енди Шмид, тој има добра сезона и од него ќе зависи играта на Рајн Некар. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последно место бидејќи ни требаат навивачите. Сега сме прво место и сакаме да остане така до крај.
Лука Циндриќ може да игра, но мислам дека нема да биде спремен бидејќи му треба тренажен процес од 7 дена и ние мнема да ризикуваме бидејќи екипата е во одлична форма”.
Стојанче Стоилов – капитен на Вардар
„Рајн Некар е екипа која претходната сезона ни приреди непријатен пораз дома откако ги победивме во Германија. Играат во топ форма, имаат добри играчи и непријатна тактика популарна „7 на 6″, но ако сакаме да продолжиме она што го започнавме минатата година, мораме да победуваме на сите натпревари до крај. Очекувам полна сала и добра атмосфера”