Противникот на Вардар во сабота, екипата на Рајн-Некар вечерва одигра натпревар во рамките на бундес-лигата, против екипата на Мелсунген. Лавовите од Манхајм се поразени после девет последователни победи во првенството, за тоа се погрижи тимот на Мелсунген кој славеше со резултат 29:26.
Екипата на Рајн-Некар имаше водство се до 23 минута, кога домашниот тим на Мелсунген во последните седум минути од првото полувреме напрви комплетен резултатски пресврт, пред се благодарение на голманот Небојша Симиќ кој имаше неколку одбрани и постигна два гола, откако тренерот на Рајн-Некар, Николај Јакобсен се реши да игра со својата препознатлива тактика 7 на 6. Одлично започна мечот за следниот наш противник во лигата на шампионите, каде по 3 минути игра имаа предност од 0:3, за првиот гол, тимот на Мелсунген да го постигне во 4 минута, за по 2 минути да додадат уште еден и да намалат на 2:3. Сепак Рајн-Некар на голот го имаше расположениот чувар на мрежата, Апелгрен кој до 12 минута имаше пет одбрани, а неговиот тим предност од 2:5, за во следните две минути да направат уште една серија и по 14 минути игра да стигнат до четири голови разлика (3:7), што беш најголема позитива за двете екипи, во првите 30 минути. Сепак Мелсунген не мислеше да се подобри, па со подобара игра во одбраната започна да ја топи негативата која ја имаше. Имаше Рајн-Некар и предност од 6:9 и 8:10, но во 24 минута стигнува првото израмнување на натпреварот, кога Рајхман погоди за резултат 10:10. Истиов играч погоди од седум метри и му донесе прва предност на Мелсунген, а последните четири минути беа наменети за голманот, Симиќ кој покрај седумте одбрани задн неговото име успеа да постигне и два последователни голови и да му донесе водство на својот тим од 15:12, Останаа уште 30 секунди напад за Рајн-Некар, кои успеаа да ги искористат и по првиот дел да имаат негатива од 15:13.
И во вториот дел, Рајн-Некар продолжи со играта 7 на 6, но повторно прима гол, кога голот е празен, за домаќинот да стигне до најголеми четири гола разлика, по пет минути игра во второто полувреме ( 18:14). Кога брани Симиќ се е полесно, тој е во серија на одбрани, а Мелсунген повторно постигнува празен гол за веќе солидно водство од 20:15. Рајн-Некар не се предава и со серија од 1:4 намалува на 21:19. Во последните седум минути, домашниот тим влезе со водство од 25:21 и беше поблиску до победата. На крајот слави Мелсунген со резултат 29:26 и на тој начин ја прекина победничката серија на Рајн-Некар од девет последователни победи во бундес-лигата. Симиќ е херојот кој вечерва бранеше одллично.
Во сабота, Рајн-Некар гостува во Скопје на Европскиот шампион, во рамките на осмото коло од лигата на шампионите.