Од ФК Вардар сеуште нема официјално соопштение од колку часот ќе биде одигран дуелот, додека пак Комитите на својот профил го напишаа следново: Нашиот натпревар почнува во 18:00ч. Не се замарајте, дали на стадион или надвор ние ќе сме на едно место сите.
Плоштад Македонија, местото на злосторот…повторно по точно 10 години Комити собирот го најавуваат тука…Плоштадот ќе биде нашата кафана, нашиот паб, нашата биртија, кооперација…Нема кафани овој ден пред натпреварот, славјето е после…Армијата треба да биде поставена во напаѓачка формација и да постави мобилни стражи во периметар од неколку километри…Секој Комита е безбеден а истовремено е спремен доколку биде поинаку, секој Комита е горд а истовремено и скромен, секој Комита е слободен а истовремено безвременски врзан за својот Вардар…На местото на славата, на местото каде го прославивме нашиот роденден со Европска титула, на местото каде ги прославивме сите маркантни успеси како нација, на местото каде ја означивме нашата независност…