Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинско женско и кадетско машко дерби, на програмата претстојниов викенд кај младинските ракометни категории
Младинско женско и кадетско машко дерби, на програмата претстојниов викенд кај младинските ракометни категории

Младинско женско и кадетско машко дерби, на програмата претстојниов викенд кај младинските ракометни категории

Претстојниов викенд нови натпревари во првенството ќе одиграат младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

Младинците на РК Вардар одат по четвртата последователна победа. Во рамките на групата 1, избраниците на Грчевски и Чивлачки гостуваат во спорската сала “Билјани извори“ на тимот на Охрид 2013. Вардар има три победи од исто толку мечеви, додека противникот има забележано една победа, нерешен резултат и пораз. Натпреварот со Охрид се игра во сабота, со почеток од 18:30 часот. Младинците на Вардар Јуниор ќе гостуваат на тимот на Пролет 62, а двете екипи се во потрага по првиот триумф оваа сезона. Мечот е закажан за во сабота, со почеток од 13:15 часот.

Дерби викендов ќе гледаме во рамките на женската младинска лига, ќе гледаме во недела во спортската сала во населбата Автокоманда, каде ќе се сретнат екипите на Металург и Вардар Јуниор, предводен од Драгана Пецевска. Нашите младинки имаат четири победи од исто толку мечеви и се наоѓаат на првото место на табелата. Натпреварот се игра од 16 часот. Во ова коло настап има и другата младинска екипа на Вардар, под водство на Анжела Платон, која на Кале во недела од 14:30 часот е домаќин на РК Кузман. Половичен ефект од две победи и два порази, имаат младинките на Вардар, пред одигрување на ова коло.

Пионерките после триумфот во дербито против Металург, во рамките на четвртото коло ќе гостуваат во Струмица, на екипата на Струма. Ова ќе биде можност да ја запишеме четвртата последователна победа, а натпреварот во Струмица е закажан за во недела од 12 часот.

Кадетско дерби имаме и во групата 3, каде се среќаваат машките екипи на Металург и Вардар. Ова е борба за првото место на табелата, со оглед дека двете екипи имаат по три победи од исто толку одиграни натпревари. Дуелот е закажан да се одигра во недела, со почеток од 18:30 часот, во спортската сала во населбата Автокоманда.