Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шмид: Вардар е тим од светска класа, тие го бранат трофејот во ЛШ
Шмид: Вардар е тим од светска класа, тие го бранат трофејот во ЛШ

Шмид: Вардар е тим од светска класа, тие го бранат трофејот во ЛШ

Во сабота не очекува натпреварот на колото во лигата на шампионите во кое ќе се сретнат екипите на Вардар и Рајн-Некар. Тоа ќе биде дуел на единствените две непоразени екипи во двете најсилни групи. Црвено-црните се лидери и триумф на овој меч ќе значи уште еден чекор понапред кон освојување на првото место во својата група, кое носи директен пласман во четврфиналето. Во пресрет на утрешниот натпревар, најдобриот стрелец на Рајн-Некар, швајцарецот Енди Шмид говори за квалитетот на Вардар и каква атомосфера ги очекува во Скопје.

Сме ја почуствувале атмосферата во Скопје во неколку наврати и знаеме дека се работи за една од најдобрите во цела Европа. Тимот на Вардар е од светска класа, што може друго да се каже. Тие го бранат трофејот, а на мојот тим му предстои едно од најтешките гостувања во Лигата на шампионите оваа сезона,