Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Градско фудбалско дерби помеѓу Вардар и Работнички, во 11 првенствено коло кај младинските категории
Градско фудбалско дерби помеѓу Вардар и Работнички, во 11 првенствено коло кај младинските категории

Градско фудбалско дерби помеѓу Вардар и Работнички, во 11 првенствено коло кај младинските категории

Во сабота и недела продолжуваат натпреварите во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за генерациите на ФК Вардар, ќе биде екипата на Работнички. Веќе започна вториот круг на натпреварување, а во ова коло ќе гледаме дерби помеѓу Вардар и Работнички. Во недела пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека во сабота, кадетите и младинците на Вардар се условно гости во дуелите со градскиот ривал, кој поради лошиот терен на Алумина, побара двата меча да се одиграат исто така на теренот на Академијата.

Помладите пионери имаат девет победи и само еден нерешен резултат и тоа токму во дуелот со следениот наш противник. На првиот натпревар одигран на теренот  на Алумина, овие две екипи играа со почетниот резултат (0:0). Ова е важен меч за двете екипи, за Вардар триумф ќе значи зацврстување на првото место на табелата, а пораз за противникот ќе значи се повеќе губење на шансите за титулата. Нашите млади надежи предводени од Сашо Тодоровски играат одлично оваа сезона, а добрата форма треба да ја потврдат и на неделниот  натпревар на теренот на Академијата, кој започнува од 11 часот.

Пионерите после првиот триумф на домашен терен, против екипата Ренова во минатото коло, ќе се обиде да сврзе две последователни победи, што ќе прв ваков случај оваа сезона. На стартот на сезоната, на теренот на противникот загубивме минимално со 1:0 и тоа со авто-гол. Двете екипи ги посакуваат бодовите, а домашниот терен треба да биде предност за нашите надежи, кои атакуваат на својата четврта победа. Дуелот ќе се одигра со почеток од 13 часот.

Кадетите ќе се обидат да му вратат на градскиот ривал, за поразот од првиот круг, каде тогаш на теренот во населбата Јане Сандански загубивме од истиот противник со резултат 1:2. Да потсетиме дека на тој натпревар имавме предност од 1:0 со голот на Благојевиќ, но Работнички направи комплетен резултатски пресврт. Овој дуел се игра во сабота, на теренот на Академијата, со почеток од 11 часот.

Младинското дерби во првиот круг помина со многу голови, откако Вардар славеше со резултат 4:2, иако се враќаше од негатива. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски имаат шест победи и три порази, со тоа што треба дополнително да го одиграат заостанатиот натпревар од 10 коло, против тимот на Ренова. Се надеваме на квалитетен натпревар и секако победа за нашиот тим, кој ќе видиме со каков состав ќе излезе на теренот, со оглед дека некои од играчите тренираат и настапуваат и за првиот тим на клубот.

Натпревар во сабота, со почеток од 9:00 часот, во рамките на регионалната-скопска лига ќе одигра и вардаровата генерација “2003“, која за противник ќе ја има екипата на Македонија Ѓ.П. На првиот дел одигран во Ѓорче славеа избраниците на Петрески, убедливо со резултат 1:6.