Овој викенд продолжуваат возбудувањата во првата македонска фудбалска лига, во ова 26 коло гостуваме кај екипа на кратовски Силекс. Вардар како лидер кој не знае за пораз цела фудбалска пролет влегува на овој меч, а кратовчани од друга страна се третопласиран тим во македонскиот фудбал по одиграните 25 коло. Мечот е закажан за недела на градскиот стадион во Кратово, со почеток во 16-00 часот.
Црвено-црните се апсолутен фаворит во дуелите со тимот од “градот на кулите и мостовите“ на последните четири гостувања кај овој противник имаме три победи и едно реми или освовме десет од можните дванесет прволигашки бодови кај кратовчани. Избраниците на Гоце Седлоски не знаат за пораз цели 14 соочување со црвено-сините. Последниот пораз го имаме претрпено веќе далечната 2010 на 7-ми август со 1-0 во сезоната која завршивме на дното од прволигашката табела пред повторното враќање на нашиот тим на шампионските патеки. Во овие 14 меча во кој ниту еднаш не бевме поразени успеавме да впишеме 11 победи и прокниживме три реми исходи. На тие 14 дуели имаме постигнато 31 погодок во мрежата на кратовчани или во просек погодуваме 2.22 гола по натпревар, а во нашата мрежа завршиле само 7 топки или примаме само 0,5 гола по меч односно еднаш Силекс погодува против Вардар на два одиграни натпревари. Во оваа тековна сезона 2015/16 ова е наше трето соочување во првите две однесовме убедливи победи како домаќини победивме 4:0 на 10-ти декември со головите на Грнчаров , Ивановски и двата погодоци на Стојков, а како гости во Кратово на мечот кој се одигра 4-ти октомври победивме со 0-3 со головите на Хоф, Асани и Мијушковиќ. Од мечот во недела ќе има стандарден видео стрим, за кој дополнително ќе ви поставиме линк за следење на овој прволигашки меч.