Сабота е голем и важен ден за младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Избраниците на тренерот Љупчо Марковски на теренот во населбата марино ќе бидат домаќини на екипата на Шкендија, во дерби натпреварот од 16 првенствено коло. Овие две екипи се најголеми претеденти за титулата во младинската лига. Шкендија е првопласиран на табелата со два бода повеќе од нашиот состав, така да саботниот натпревар може да ги појасни работите околу конечниот распоред на табелата. Еден од најефикасните стрелци и сигурно еден од најдобрите играчи за нашите малдинци Виктор Димков се враќа во составот на Вардар за ова дерби. откако го пропушти вчерашниот натпревар со Еуромлик, поради пет жолти картони. Во изјава за нашиот сајт ги споделува очекувањата од овој многу важен меч.
-Во сабота не очекува многу важен натпревар во борбата за титулата. Одлично се познаваме со екипата на Шкендија, која е составена од играчи кои минатата сезона настапуваа како кадети, со која речиси во последните минути ја загубивме титулата во последното коло во Тетово. Се работи за квалитетен тим кој е добро покриен на сите позиции на теренот. Се надевам дека саботниот натпревар ќе заврши во наша корист и ќе дадеме се од себе да биде така.
Вчера се одигра 15 коло, во кое младинците загубија непланирани два бода, играјќи само нерешено (1:1) во дуелот со екипата на Еуромилк.
-Загубивме два бода во натпреварот со Еуромилк, играјќи нерешено, сепак овој резултат нема да ја наруши нашата самодоверба во пресрет на дербито со Шкендија. Има уште многу натпревари до крајот на сезоната, така да неможе да биде решавачки овој меч за конечниот пласман, иако може во голема мера да влијае на текот на наредните натпревари, изјави Виктор Димков за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски