Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи одат на „поправен“ против Њу Старс, кадетите и младинците се фаворити за освојување на бодовите
Пионерските екипи одат на „поправен“ против Њу Старс, кадетите и младинците се фаворити за освојување на бодовите

Пионерските екипи одат на „поправен“ против Њу Старс, кадетите и младинците се фаворити за освојување на бодовите

Претстојниов викенд на програмата е 18.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во недела на теренот во Ѓорче гостуваат кај екипата на Њу Старс, додека кадетите и младинците во сабота се домаќини на теренот во населбата Јане Сандански.

Пионерските екипи одат на „поправен“ во дуелите со екипата на Њу Старс и ќе се обидат да стигнат до првиот триумф сезонава над овој противник. Во есенскиот дел на домашен терен, помладите пионери одиграа без голови, додека пак пионерите исто така ги поделија бодовите играјќи 1:1. Бодовите од овие мечеви се повеќе од потребни за нашите екипи кои се борат за титулата во лигата. Како увертира за првенствениот дуел, пом.пионери на Вардар и Њу Старс утре ќе го одиграат својот прв полуфинален меч во рамките на купот. Натпреварите во недела започнуваат во термините од 10 и 12 часот.

До прв триумф над Њу Старс ќе се обидат да стигнат и кадетите кои го загубија првиот меч во есенскиот дел од сезоната, кога противникот славеше во Ѓорче со резултат 2:0, додека младинците не би требало да имаат проблеми во остварување на четвртиот последователен пролетен триумф. Вардаровите младинци го добија првиот гостински меч и тоа убедливо со резултат 0:5. Нивните натпревари во сабота стартуваат во термините од 10 и 12 часот.