Фудбалскиот клуб Вардар во вторник ќе одигра нов контролен натпревар. Црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Локомотива од Градско, се работи за тим кој во новата сезона ќе биде дел од Втората лига-Исток.
Натпреварот ќе се одигра со почеток од 18:00 часот, а шанса за настап на овој натпревар ќе добијат играчите кои имаа помала минутажа на подготовките во Охрид.
Во вторник ќе се изврши ждрепката за натпреварите во втората лига, со која ќе биде познат и распоредот на мечеви за црвено-црните.