Денес, женската селекција во кадетска конкуренција на Македонија ќе го одигра својот прв натпревар на ЕХФ Шампионатот. Прв ривал на шампионатот во Литванија ни е селекцијата на Косово.
Македонија се очекува да биде фаворит на овој дуел и да стартуваме со победа, но останува да видиме како ќе го започне шампионатото црвено-жолтиот тим. Натпреварот се игра во Клаипеда, а почнува во 18 часот. На овој шампионат заминати се шест играчи на ЖРК Вардар.