Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Нова “очајна“ игра за пионерите на ФК Вардар кои беа убедливо поразени од Македонија Ѓ.П
Нова “очајна“ игра за пионерите на ФК Вардар кои беа убедливо поразени од Македонија Ѓ.П

Нова “очајна“ игра за пионерите на ФК Вардар кои беа убедливо поразени од Македонија Ѓ.П

Пионерите на ФК Вардар го загубија својот натпревар во рамките на 9 коло во првенството на младинските категории. Лош ден за Вардарци кои претрпеа голем пораз од екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 0:4.

ФК Вардар: Андов, Манасиевски, Астарџиев, Ѓурковски, Николов, Ристовски, Андоновски, Илиевски, Цури, Игнатов, Спировски.

Екипата на Македонија Ѓ.П имаше најголем дел од играта во првото полувреме и целосно ја надигра екипата на Вардар. Можеше многу рано, односно уште во првата минута да погоди гостинската екипа, кога поради едно наше невнимание во одбраната, Ѓорче не користи зицер удар, кој го одбрани нашиот голман,Матеј Андов. Првиот обид кај Вардар го имаше репрезентативецот Ѓурковски кој шутираше над голот на противникот. Иако во првите 11-сетмина, Вардар имаше дури четири репрезентативци сепак беше немоќен во овој дел од натпреварот. Нова прилика за гостинот, кога се играше акција од десната страна продор на еден од нивните играчи, кој шутира за малку покрај противничкиот гол. Нова грешка во последната дефанзивна линија, која никако не успева да се спои заедно и да одигра добар натпревар во одбраната. Македонија Ѓ.П го отвори резултатот и поведе со 0:1. После погодокот продолжи нашата слаба игра, делувавме многу отсечено на теренот, кај Вардар најмногу се обидуваше Марио Илиевски, но едноставно немаше други расположени играчи во нашиот состав. Ново невнимание во одбраната не чини нов гол во мрежата на Андов, за зголемување на предноста на 0:2 за гостинската екипа. Во првиот дел ќе го одбележиме обидот на Андоновски, чиј удар го одбрани голманот. По првите 40 минути резултатот беше 0:2.

439

На стартот од второто полувреме тренерот на Вардар, Тодоровски направи три измени. Во игра влегоа Димоски, Ибиши и Апостоловски, на местото на Ристовски, Спировски и Цури. Токму новоблезениот Џемал Ибиши имаше шанса, кој со глава биеше покрај голот на Ѓорче. Ниту измените не дадоа резултат, бидејќи денес нашата одбрана беше и повеќе од “катастрофална“. Голема грешка на Астарџиев кој сакајќи да врати топка до голманот Андов, му ја одзема еден од противничките напаѓачи кој немаше проблем да ја смести во нашата мрежа, за водство од 0:3. По неколку минути примивме и нов четврти погодок, откако во нашиот шеснаесетник прекршок направи Николов, кој беше санкциониран со најстрога казна. Сигурна реализација на пеналот и веќе убедливи 0:4 за екипата на Македонија Ѓ.П. Од игра излегоа Астарџиев и Николов, а на нивно место влегоа Асенов и Хасиќ. До крајот на мечот немаше некои поголеми шанси кон двата гола. Илиевски имаше обид со глава, кој остана без реализација. На крајот конечниот резултат е 0:4.