Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар, момците на Будимир на својот победнички поход сезонава го совладаа и РК Шампион (ФОТО)
Пионерите на Вардар, момците на Будимир на својот победнички поход сезонава го совладаа и РК Шампион (ФОТО)

Пионерите на Вардар, момците на Будимир на својот победнички поход сезонава го совладаа и РК Шампион (ФОТО)

Денес во салата на ФФОСЗ во Скопје екипата на РК Шампион ја пречека пионерската екипа на РК Вардар. Во овој дуел досега непобедените црвено-црни пионери кои знаат само за победи во изминатите кола дојдоа до нова победа. Момците на Будимир Адријана триумфираа со 13-21 (4-11) на ова гостување.

j j8

Први со гол натпреварот го отворија нашите момци кои поведоа со 0-1, потоа со серија 3-1 домаќинот успеа да го преземе водството и да поведе со 3-2. Тоа беше прв и последен пат тие на овој пионерски дуел да ја имаат предноста во резултатот.  Момците на Будимир повторно заиграа препознатливо, во одбраната беа беспрекорни, а во нападот казнуваа. Тоа донесе висока серија 0-5 со која ние поведовме со 3-6 и највивме дека бодовите ќе патуваат со нас од овој дуел. Домаќинот успеа да намали на 4-6 и се надеваше дека повторно ќе биде во ситуација да се врати резултатски во играта. Сепак црвено-црните беа тие кој доминираа по ова. Повторно серијата која им ја приредивме беше пеколна, со нови 0-5 се одлепивме на  4-11. Токму со овој резултат и заминавме на одмор, најавуваќи дека денес повторно ќе впишеме победа и тоа убедлива како што и впрочем се навикнавме од овие момци.

j2 j4 j7

Вториот дел почна со гол за нас со кој  првпат отидовме на “осум плус“, поведуваји со 4-12, домаќинот веднаш врати и намали на 5-12.  Во следните минути се играше гол за гол, двата тима постигнаа по три погодоци во противничката мрежа за резултат 8-15 на семафорот.  Во вториот период  од вториот дел игравме паметно и рутинирано, одржувајќи ја разликата и полека зголемувајќи ја истата. На крајот успеавме да победиме на ова гостување со девет гола предност пред екипата на РК Шампион. Пионерите на РК Вардар, предводени од тренерот Будимир победија на крајот со резултат 13-21.

j5

Бојан Чакалиќ и Савревски Давид беа најуспешни стрелци тие постигнаа по пет гола, гол помалку имаше Димитријевски Дамјан. Симон Калајџиевски стрелаше умешно два пати, а по еден гол имаа Мишевски, Ташевски и Димчевски во нашиот состав.