Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар совладани од повозрасната екипа на ЖРК Металург
Младинките на Вардар совладани од повозрасната екипа на ЖРК Металург

Младинките на Вардар совладани од повозрасната екипа на ЖРК Металург

Попладнево во спортскиот центар “Кале“ во  Скопје се сретнаа младинките на Вардар и екипата на ЖРК Металург. Во дуел со повозрасните противнички од Автокоманда избраничките на Платон и Кузмановска забележаа пораз со  38-22.

l2

Гостинките со два последователни гола го отворија дуелот и поведоа со 0-2, ние вративме во продолжение и намаливме на 1-2.  Следеа минути во кој доминираа сино-белите тие со серија 1-7 се одлепија на високи 2-9 во 10.минута.  Нашите девојки најдоа сила и се издигаа од “безната“ и со серија 3-0 намалија на 5-9 до 14.минута од натпреварот со што фатија резултатски приклучок во овој дуел. Cепак повторно на сцена стапија девојките од ЖРК Металург тие направија голема серија 0-7 со која поведоа со 5-15 во 22.минута од овој младински натпревар. Сепак нашите девојки не се предадоа и нападнаа во продолжение. со серија 3-0 намаливме на 8-15 во 27.минута од натпреварот. Голем имплус во офанзива кај нас носеше храбрата игра на Ива Цветковска, која беспоштедно се бореше со повозрасните и покорпулентните одбранбени играчи.  На одмор се замина со резултат 9-18 во корист на противникот на овој дуел.

l

Први со гол вторите 30.минути ги започнаа црвено-црните девојки кои намалија на 10-18. По пет минути игра на семафорот стоеше 11-21 во корис на противникот. Тие од минута во минута ја зголемуваа предноста, точно на средината на вториот дел, во 45.минута водеа со 12-29 на овој натпревар. Со два брзи гола успеавме во продолжение да намалиме на 14-29  по влегувањето на голот на Вики Сандева која забележа неколку интервенции. Повозрасните девојки од Автокоманда успеаваа да го контролираат и рутински да го завршат овој дуел. Тие на крајот триумфираа со  38-22.

Кај Вардар најефикасни беа Марија Гоцевска со 8 и Анастасија Нелоска со 5 голови.

ЖРК Вардар: Бабунска, Ивановска 3, Танчева, Нелоска 5, Сандева, Коловска , Величковска, Паланковска, Алушовска, Стојчевска 1, Трајкова, Блажевска 1, Цветковска 2, Костадиновска 1, Гоцевска 8, Ангеловска 1.