ФК Вардар и дефинитивно договори нов нагаѓач. Владимир Жоглев ќе биде ,,црвено – црн”, откако извесен период тренираше со нашиот тим.
Се работи за висок 24-годишен шпиц играч, кој минатата сезона беше дел од ФК Тетекс. Покрај за овој тим има настапувано и за екипите на ГФК Осогово, Победа, Борец, Беса и Скопје. Тој ќе биде задолжен да ја поправи реализацијата на Вардар во новата сезона.
Покрај Жоглев, Вардар активно бара и уште еден крилен играч, па така Жоглев нема да биде последно засилување за овој летен преоден рок.