Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа со 5:1 над соодветната селекција на Ерменија во рамките на првото коло од Уефа развојниот турнир за фудбалери родени 2008 година што се одржува во Скопје.
По првото полувреме избраниците на Раде Каранфилоски имаа водство од 2:1. Македонија прва успеа да го отвори резултатот, за противникот да израмни, а до крајот на првиот дел да ја вратиме предноста. Во вториот дел следеше голеада во противничката мрежа, за убедлива победа на крајот. Три од петте голови за Македонија беа дело на поранешни вардарови играчи, се работи за Стефан Бранковски и Александар Грашески.
Во стартниот состав на Македонија У15 беа голманот Павел Грбевски и Матео Кесиќ, додека во второто полувреме во игра влезе и Душан Бојовиќ Заев.
На 7. септември во второто коло Македонија од 16. часот ќе игра против Малезија.