По двегодишна Ковид пауза, конечно се одржа 4-тиот интернационален традиционален кугларски турнир СКОПЈЕ 2022 со учество на двете Вардарови екипи и гостите од Србија, КК Београд и КК Милош Обилиќ.
/
Екипен победник е повторно КК Београд, екипа која атакува кон врвот на Европа оваа сезона, додека А тимот на Вардар беше второпласиран, а трета беше екипата на КК Милош Обилиќ.
Во поединечна конкуренција, победи кугларот на КК Београд Давид Лаинчак со 601, втор беше нашиот претседател и куглар Димитар Димитровски со 583 и на третото место се пласираше репрезентативецот на светскиот шампион Србија и куглар на КК Београд, Александар Милинковиќ со 573.
Прекрасно кугларско случување по стерилните 2 години ради пандемијата, надминати многу предизвици и успешно организиран турнир под покровителство на Град Скопје
Турнирот беше свечено отворен од страна на новиот претседател на КФМ, Игор Михајловски и укажа чест со прифатената покана од КК Вардар.