Кадетите на ФК Вардар стигнаа до петтата победа во лигата, откако утрово на теренот во населбата Јане Сандански славеа во дуелот со екипата на Њу Старс, на меч од 8.коло во кадетската супер лига.
Тренерот Ивановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Величковиќ-Радуловиќ, Ѓурковски, Асани, Гугуљанов, Хасани, Салиу, Речица, Петејчук, Омерагиќ (c).
Вардар уште во втората минута од мечот успева да го отвори резултатот, кога после една нафрлена топка во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој донесе предност на Вардар од 1:0.
Црвено-црните фуриозно го стартуваа овој дуел и уште од стартот наметнаа сино темпо на игра. Повторно се заканивме, од десната страна, кога биеше Речица, за момент голманот на Њу Старс го одбрани ударот, на одбиената топка стигна Салиу, кој биеше од прва, но во последен момент блокираше еден од противничките играчи и не дозволи поголема негатива. Повторно Фисник Салиу се наоѓа во шанса, нафрлена топка од корнер, нашиот играч биеше на повратна, но одбрани гостинскиот голман. Шансите пред противничкиот гол постојано се редеа, Омерагиќ се најде во улога на асистент кој додаде до Речица, овој бие над голот. Повторно Салиу се обиде од слободен удар, одбрани голманот, како и Ѓурковски кој со глава бие после нафрлена топка од корнер, но резултатот се уште беше 1:0. Ние имавме голема теренска иницијатива, Азер Омерагиќ имаше две прилики да погоди потоа. Петејчук се обиде со удар од централниот дел пред казнениот простор топката мина крај стативата. Потоа Петејчук, одлично проби по десната страна, исфрли два чувара и нафрли високо, Омерагиќ Азер со глава шутна над гредата. Противникот решен да игра дефанзивен фудбал, тие повремено се обидуваа да се заканат од контра-напади. Имавме повеќе од поседот, создававме шанси. Последна прилика имаше, Фисник Салиу кој од 10.сетина метри со глава упати удар над гредата, тоа беше последна прилика за погодок во првите 45.минути на овој кадетски дуел. Заминавме на одмор со минимално водство од еден гол.
Нашата теренска иницијатива продолжи и во вториот дел, ние доминиравме целосно на овој дуел. Прва прилика имаше, Азер Омерагиќ веќе во 2.минута кога не зафати одлично една топка од непосредна близина, па истата мина крај гол конструкцијата. По одлично одиграна акција со глава упати удар Гугуљанов Петар кој заврши крај голот. Хасани потоа влезе во две одлични прилики, најпрвин неговиот удар заврши над гредата, потоа одличниот удар во аголот голманот на ривалот со крајни напори го исфрли во корна. Нашата иницијатива конечно беше наградена, по корна од десна страна на прва статива Радуловиќ-Величковиќ упати удар во голот, одбраната на противникот само го потврди голот за наше водство со 2-0. По водството ние продолживме да атаци, одлично одигаа двојна комбинација Омерагиќ-Гугуљанов , по што вториот шутна силно по земја, голманот на противникот со нога успеа да одбрани. Конечно погодивме и трети пат, Гугуљанов Петар со прекрасен удар од 15-16 метри погоди ефектно под гредата за наша предност со 3-0. Топката ја имаше Салиу, тргна во фор шутна силно, голманот кратко одби топката дојде до Омерагиќ кој со лоб стрелаше за висока предност со резултат 4-0. Петејчук се обиде со силен удар од 18.метри, голманот на Њу Старс мораше да боксува со цел да не прими „петарда“ во својата мрежа. Тоа беше последна изгледа шанса, да напоменеме дека во вториот дел од клупата добија прилика и Величковски, Исени и Шабани.
Ова беше петта победа за кадетите во лигата и втора за Филип Ивановски, кој се наоѓа на клупата на кадетите, како привремено решени се додека од клубот не одлучат кој во иднина ќе ги предводи кадетите и младинците на Вардар. Првиот триумф на Ивановски беше на реванш мечот од 1/4 финалето на купот, каде кадетите исто така ја елиминираа екипата на Њу Старс.