Селекторот на македонската фудбалска репрезенација до 19 години, Јетон Несими го повика вардаровиот пионерски голман Методија Велковски за оваа селекција.
Изненадувачки позитвен е фактот што вардаровиот голман има само 16 години, а доби повик за селекцијата na У-19. Тој ќе биде дел од подготовките кои ќе започнат на 9-ти месецов и ќе траат се до 15 јануари. Ова се подготовки за квалификациите за европското првенство кое ќе се одигра во март месец. Истите ќе се одржат во градот Дојран.
Ова е потврда за квалитетот на голманот кој дојде изминатата зима во редовите на нашите пионери. Велковски работеше цела година под будното око на тренерот Љупчо Кметовски и напредна неверојатно многу. Велковски во вардаровите редови дојде како голман со голем потенцијал, но без репрезентативен повик. Доби шанса во У-17 ја искористи, сега оди чекор погоре, на само 16 години ќе биде дел од У-19. Исто така Велковски е редовен “чувар на мрежата“ на пионерите на ФК Вардар кои се носители на “двојната круна“ во нашата лига. Браво за Велковски.
Михајло Тушевски