Васоски и на овој дуел од Купот изведе половина млади играчи, е сега тоа му се одби од глава, откако Вардар во самиот финиш прими гол за 1:0 и елиминација од Купот на Македонија.
Во првиот дел Вардар имаше свој шанси, неколку од далечина кои не завршија на посакуваното место и зад грбот на младиот голман на А.Пандев. Во вториот дел, Васоски во игра внесе неколку стандардни првотимци како Најденов, Попзлатанов и Мирчевски, но и тие не помогнаа многу. Во 86.минута Мартинага се најде во добра шанса, но наместо да додаде и да створи шанса за гол, неговиот обид беше изблокиран од страна на еден противнички играч. Во самиот финиш, кога се чинеше дека и оваа средба Вардар ќе ја одигра на продолженија, Серафимов по изведен корнер, осамен ја смески топката во мрежата на Игески за 1:0 и пласман на неговиот тим во 1/4 финалето.
Уште една сезона, Вардар испаѓа во раната фаза од Купот на Македонија.