Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дали конечно ќе започне сезоната во младинските фудбалски лиги, Еуроспорт Куманово е прв противник за Вардар
Дали конечно ќе започне сезоната во младинските фудбалски лиги, Еуроспорт Куманово е прв противник за Вардар

Дали конечно ќе започне сезоната во младинските фудбалски лиги, Еуроспорт Куманово е прв противник за Вардар

24 и 25.октомври се новите датуми за старт на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. Откако минатиот викенд беше одложено првото коло, од претстојниов викенд се очекува да стартува сезоната.

Како што претходно известивме противник во првото коло за младинските екипи на ФК Вардар ќе биде екипата на Еуроспорт Куманово. Сите четири натпревари ќе се одиграат на 24.октомври ( сабота).

Пионерските екипи ќе гостуваат во Куманово во термините од 10 и 12 часот, додека во истите саатници, кадетите и младинците на теренот на Академијата се домаќини на Еуроспорт.

Двојките за првото коло во кадетско-младинската лига:

Шкендија – Брегалница

Работнички – Ренова

Вардар – Куманово Еуроспорт

Њу Старс – Победа

Македонија Ѓ.П – Пелистер

Шкупи – Академија Пандев

Двојки за првото коло во помладата и пионерската лига:

Брегалница – Шкендија

Ренова – Работнички

Куманово Еуроспорт – Вардар

Победа – Њу Старс

Пелистер – Македонија Ѓ.П

Академија Пандев – Шкупи