Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар продолжуваат со добри игри во првенството. Оваа генерација освен победа незнае за ништо друго. Нова вкупно четврта последователна во новата сезона, откако денес на гостувањето во Прилеп, црвено-црните славеа со резултат 1:2.
Трет пат се случува оваа сезона избраниците на Влатко Колев со резултатски пресврт да ги добиваат натпреварите. Победа беше екипата која прва го отвори резултатот на овој натпревар и поведе со 1:0. Кадетите како да се научија веќе да се враќаат од негатива, па ваквиот резултат воопшто не ги заплаши. Напротив тргнаа офанзивно кон голот на домашната екипа, создавајќи шанси за загрозување на противничкиот гол. До крајот на првите 45 минути успеваме да израмниме на 1:1. Стрелец на овој гол беше Абдула Скор, откако од слободен удар центар-шут во противничкиот шеснаесетник упати капитенот Трајчевски. Најдобро се снајде Абдула Скор кој погодува за израмнување на 1:1. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел бевме далеку подобра екипа на теренот, што резултираше со уште еден гол во мрежата на Победа. Погодокот кој значеше нови три бода за нашите кадети го постигна Александар Трајчевски, за водство од 1:2. Овој резултат на крај се покажа и како конечен.
Ова е четврта победа за избраниците на Влатко Колев од исто толку одиграни натпревари, со кои се зацврстува на лидерската позиција.
Вардар: Зибери, Кировски, Јордановски, Серафимов, Петрески, Наскоски, Скендерски, Абдул Шкор, Менкиноски, Трајчевски, Стоименов