Почна пролетниот дел од фудбалската Јуниор лига, таа се одигра фудбалскиот терен во населбата Јане Сандански. Заврши првиот пролетен турнир, на кој беа се натпреваруваа 11 екипи. Тие земаа учество со своите фубалерчиња од генерации родени 2003 – 2006 година.
На првиот пролетен турнир беа потпишани договори со новите регионални единици од Прилеп, Велес и Пробиштип. Тие дебитираа во Вардар Јуниор лигата за првпат . Вардар како голем бренд се потруди на тренерите од сите екипи да им додели и неопходните спортски реквизити, кои ќе може да ги користат за нормално одвивање на тренажниот процес во нивните регионални школи. Денешниот ден го обележа големата дружба помеѓу дечињата кој се дел од фудбалската Јуниор лига, но и пристапот на нови школи.