Thursday ,20 March 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Комплетни резултати, извештаи и стрелци на голови на мечевите во генер. “2005“ во фудбалската Јуниор лига
Комплетни резултати, извештаи и стрелци на голови на мечевите во генер. “2005“ во фудбалската Јуниор лига

Комплетни резултати, извештаи и стрелци на голови на мечевите во генер. “2005“ во фудбалската Јуниор лига

На теренот во населбата Јане Сандански денес стартуваше првото пролетно коло во фудбалската Вардар Јуниор лига. Ви ги презентираме сите резултати од натпреварите на генерацијата родени 2005 година, како и стрелците на сите погодоци.

Првиот меч во оваа категорија го одиграа екипите на Форца и Борец од Велес, за кој ова беше прв натпревар како дебитант во Јуниор лигата. Натпреварот убедливо им припадна на Форца кои славеа со резултат 6:0. По првото полувреме Борец некако одолеваше на нападите на Форца, која имаше предност само од 1:0. Матеј Веселинов беше играчот кој донесе предност за својата екипа. Веќе во второто полувреме за бро време беше решен победникот, откако Форца ги реализираш своите шанси. Следните два погодоци беа дело на Алексеј Славков за веќе водство од 3:0. Форца беше далеку подобра екипа на теренот, што го покажа со уште три нови погодоци. На 4:0 зголеми Никола Уневски, додека хет-трик на овој меч за Алексеј Славков кој погоди за 5:0. Конечниот реултат на овој меч го постави Дамјан Никодиновски.

Во истава генерација, на вториот дуел од денешната програма се сретнаа екипите на ФК Прилеп и ФК Ново Лисиче. Овој дуел им припадна на Прилепчани кои славеа со резултат од 2:0. Истиов резултат беше актуелен и по првото полувреме. Стрелец на двата гола беше Даниел Манчевски.

Вардаровата генерација предводена од Зоран Петковски исто така одиграа натпревари во првото пролетно коло. Тие за противници ги имаа екипите на Спорт Ефе и Борец од Велес. Натпреварот со Спорт Ефе заврши без победник 1:1. Противникот имаше водство во првиот дел, додека во второто полувреме Вардар израмни со голот на Стефан Ристовски. Многу поубедливи бевме на вториот меч против Борец, на кој славевме со 4:0. По првото полувреме имавме предност од 3:0. Два гола беа дело на Петар Пројкоски, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Стефан Ристовски и Горјан Цветков.

Натпревар одиграа и екипите на Мал Ајакс од Штип и Еврофудбал од Охрид. Овој меч заврши со триумф на Мал Ајакс со резултат 4:2. По првото полувреме резултат беше нерешен 1:1. Во вториот дел екипата од Штип беше подобра на теренот и сосема заслужено победи. Хет-трик постигна Дино Михолов додека еден беше дело на Пачемски. За Охриѓани головите ги постигнаа Јован Симоновски и Марјан Димитров.