УЕФА го казни Вардар со уште дополнителни 22.000 евра, oвој пат за натпреварот против Копенхаген. Од официјалната веб-страна на клубот информираат дека Вардар е казнет по следните точки според правилникот на УЕФА:
1. Седење на скали и попречување на движење на публика;
2. Употреба на пиротехнички средства;
3. Вадење на националистички знамиња на јужната трибина во блок број 4 (фронт и неонацистички крст).
Инаку, Вардар претходно доби казна која изнесуваше 55.000 евра. Тоа значи дека вкупната казна на ФК Вардар до сега за европските натпревари изнесува 77.000 евра.