Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Четата на Грне до нова победа на домашен терен без примен гол
Четата на Грне до нова победа на домашен терен без примен гол

Четата на Грне до нова победа на домашен терен без примен гол

Во рамките на Втората македонска фудбалска лига попладнево се одиграа сите осум натпревари од осмата рунда. Фаворитите одиграа според планот, запишаа планирани бодови и победи против своите ривали.

Вардар врза одлична серија со пет последователни победи, откако со гол во второто полувреме на стадионот „Железарница“ во Скопје ја совлада Беса 1976 (1-0). „Црвено-црните“ беа подобар ривал, имаа изгледни шанси и во првиот дел, а и Гачевски мораше да реагира во неколку наврати. Сепак, резултатот го отвори Бенјамин Демир кој со глава стрела по корнер од левата напаѓачка страна. До крајот вардарци мудро го затворија дуелот, па иако Беса се обиде, не успеа да се врати во игра.

Со оваа победа, Вардар останува лидер. Вреди да се напомене дека црвено-црните немаат примено ниту еден единствен погодок на домашен терен сезонава.