Победничката низа на Вардар продолжи, откако попладнево фудбалерите на Васоски славеа победа и на жешкото гостување на Чаир. Вардар заслужено денеска победи, постигна два гола, а можеше да постигне уште најмалку толку.
Вардар и да посакаше не можеше да посака подобро отварање на натпреварот. Во 13. минута извонреден шут на Матеј Цветаноски од 12 метри, топката од гредата завршува зад гол линијата од голот на домашните за голема радост и предност на нашиот тим. Следуваше шанса на Сенегалецот Гудиаби кој убаво се проби по левата страна, шутираше откосо но Гачевски брани исфрлајќи во корнер. Потоа Вардар својата шанса ја чекаше преку контра и полуконтра, додека пак домашниот тим само уште еднаш се закани по сериозно до крајот на првиот дел. Со резултат 0:1 се замина на пауза.
Во вториот дел, домашниот тим тргна офанзивно со цел да постигне погодок и да го израмни резултатот. Но, се случи спротивното. Во 60. минута Жуниор одлилно продре по страна, влезе во шеснаесетникот на домаќинот, беше соборен за чист пенал за Вардар. Топката ја зеде Мицевски, биеше крајно прецизно за голема радост и предност од 0:2 на Вардар. Следуваа две 100% шанси на Вардар да го реши натпреварот. Цветаноски и Аврамовски пропуштија можности да го решат натпреварот. Следуваше казна. Во 71. минута екс вардарецот, Исени постигна погодок за намалување на 1:2. До крајот на дуелот Вардар имаше неколку шанси за нов гол, но изостана реализација, а во финишот, во 91 минута, Гачевски со одлична одбрана спаси нова победа на Вардар и нови три бода.
Честитки до играчите на ФК Вардар и до целиот стручен тим.