Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го освои и третиот трофеј во Супер Купот, рутинска победа против Металург
Вардар го освои и третиот трофеј во Супер Купот, рутинска победа против Металург

Вардар го освои и третиот трофеј во Супер Купот, рутинска победа против Металург

Вардар го одбрани трофејот во Супер-купот, откако вечерва во спортската сала во Куманово ја победи екипата на Металург. Во третото издание на ова натпреварување, црвено-црните стигнаа до својот трет трофеј.

Вардар добро го отвори овој ракометен Супер Куп, со головите на Горпишин и Горбок имавме водство од 2:0, но екипата на Металург врати на ист начин и го израмни резултатот на 2:2. Одлично на голот започна Кугис кој стигна до 3 одбрани во 9.минута од мечот, додека црвено-црните во овој период играа и со двајца играчи помалку. Не поминавме лошо, со оглед дека повторно стигнавме до предност од 4:3 со голот на Кристопанс, а противникот не успева да го искористи овој период во кој имаше бројчана предност на теренот.  Вардар е во серија од 3:0, откако резултатот беше израмнет на 3;3, прв пат на мечот имавме позитива од три гола (6:3), откако погоди Дибиров во 14 минута, а тренерот на Металург побара тајмаут. Игравме цврсто во одбраната, за што говори и резултатот во 18 минута кој гласеше 9:5 во корист на Вардар, со вториот гол на Калараш стигнавме и до највисока разлика од четири гола. Кугис брани седмерец, вкупно четврта интервенција за нашиот голман, додека Атман го зголеми нашето водство на 10:5. Вардар го полнеше голот на Металург, со нов погодок на Горбок зголемивме и на 13:6, а во игра се и младите Карапалевски и Ќосевски. Намали за момент тимот од Автокоманда на 14:9, па и Писонеро се реши да побара минута одмор. Првото полувреме заврши со голот на Карапалевски, со кој отидовме на кратка пауза и предност на Вардар од 16:10. Кугис имаше 6 одбрани, додека Дибиров постигна пет голови.

Додиќ беше играчот кој со два гола во серија носи намалување на резултатот, додека со погодокот на Арсеновски, Металург дојде до резултат 16:13, а Вардар се уште беше без гол. Конечно, погодуваме преку Павел Атман, за предност од 17:13. Нашиот шампион бргу ги врати највисоиките седум гола предност од првиот дел, најпрво Горбок погоди празен гол, додека со два гола во серија на Горпишин поведовме со резултат 21:14 во 39 минута од овој дуел. Димитриоски го замени Дибиров, а поранешниот играч на Металург успева да стигне веќе и до својот трет гол и да го зголеми резултатот на 25:18, Вардар имаше солидна предност на 12 минути пред крајот на натпреварот. Уште еден млад играч кај Вардар се запишува во листата на стрелци, Дејан Кукуловски ја „искина“ мрежата на Металург и зголеми на 26:19 во 24 минута. Набрзина противникот постигна три гола во серија и намали на 26:22, но немаше многу време за поголеми возбудувања. На крајот, Вардар слави победа со резултат 26:24.

Горбок најефикасен со 6 голови, додека Дибиров постигна 5. На голот, Кугис имаше 13 одбрани.

71333152_2188617511242407_5999744660229062656_n