Викендов своите први мечеви во новата сезона 2019/2020 ќе ги имаат двете најмлади ракометни екипи на Вардар, пионерската машка и женска селекција.
Пионерите на РК Вардар предводени од Зоран Петковски-Зенга во првото коло од новата сезона ќе бидат домаќини. Тие во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе ја пречекаат екипата на РК Алушевски. Дуелот се игра на 22.септември (недела) со почеток во 13-00 часот.
Шампионките во пионерската конкуренција, девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева, пионерскиот состав на ЖРК Вардар во прелиминарното коло ќе гостуваат. Ние играме кај тимот на РК Велкова-5, мечот е закажан за 21.септември (сабота). Дуелот кој ќе се игра во Салата при Гимназијата „Кочо Рацин“ ќе започне во 13-00 часот.