Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со нова победа, нов гол на Парталко
Вардар со нова победа, нов гол на Парталко

Вардар со нова победа, нов гол на Парталко

Фудбалерите на Вардар остварија уште една победа на домашен терен, откако попладнево ја совладаа екипата на ФК Беса со резултат 1:0. Стрелец на голот вреден три бода беше младиот Ерен Парталко во првиот дел.

Вардарци на полувреме можеа да заминат со поголема предност од еден разлика, но голманот на противникот во два наврати одлично одбрани и спречи повисока предност за Вардар. Парталко продолжи да стрела прецизно, со нов гол во дресот на Вардар. Во вториот дел немаше промени на резултатот.

Во следното коло Вардар мора да победи во Охрид ако сака да ги задржи шансите за бараж оваа сезона.