Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар и без половина тим е пресилен за битолчани, во среда славиме титула!
Вардар и без половина тим е пресилен за битолчани, во среда славиме титула!

Вардар и без половина тим е пресилен за битолчани, во среда славиме титула!

Вардар и без половина прв тим немаше поголеми потешкотии да стигне до победата против битолски Пелистер. Шампионот на Македонија се враќа од Битола со три бода, овој пат издвојува победа со резултат 2:3 (0:2). На Вардарци им преостанува уште натпреварот во среда на домашен терен против Силекс на кој ќе им биде доделен новиот шампионски пехар.

Вардар по првиот дел имаше предност од два голови разлика. Први на овој натпревар се заканија домаќините преку Миленковски, ударот на овој играч заврши крај голот на нашиот голман. Потоа во шанса се најде и Попзлатанов кој нафрли, топката ја удри нашиот играч Велковски но Гачевски беше внимателен и не дозволи среќен гол на Пелистер. Вардар по првата посериозна шанса дојде до погодок, се играше 31 минута, Николов одлично реагираше и му одзеде една топка на голманот на Пелистер за гол и предност на Вардар. Вардар за три минути постигна уште еден погодок, овој па стрелаше прецизно Петар Петковски по одличното додавање на Џигаури. Со резултат 0:2 се замина на полувреме.

fkv-nikolov-pelВо почетните десет минути од вториот дел домаќинот остана со играч помалку, директен црвен картон доби бразилецот Силва. По овој црвен картон, Вардар уште полесно доаѓаше до голот на Пелистер. Во 58 минута Николов украде една топка додаде до Фелипе кој биеше но голманот на домаќините го одбрани овој удар и спречи нов гол. Потоа во шанса се најде и Глигоров во 61 минута, но и неговиот удар беше слаб и голманот Петровски го одбрани. Во 68 минута во игра влезе Грозданоски на местото на стрелецот Петковски. Во 80 минута неочекувано беше досуден пенал за Пелистер. Топката ја зеде и прецизно биеше Илијоски за намалување на 1:2. Вардар ништо не остави на случајност, за шест минути следуваше погодок преку Фелипе од слободен удар. Во 90 минута Пелистер повторно намали овој пат на 2:3 преку Бујчевски за конечен резултат.