Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лазаров: Ако го победиме Вардар очекувам поддршка од македонските фанови кои ќе допатуваат во Келн
Лазаров: Ако го победиме Вардар очекувам поддршка од македонските фанови кои ќе допатуваат во Келн

Лазаров: Ако го победиме Вардар очекувам поддршка од македонските фанови кои ќе допатуваат во Келн

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својата интернет страница објави интервју и со нашиот ракометeн ас Кирил Лазаров, кој говори за своите успеси со тимот на Барселона и за дуелот со Вардар кој престои во Лигата на шампионите.

„Со овој тим на Барса го освоив пехарот во 2015 година, а наредниот викенд ќе го играм петтиот завршен Ф-4 турнир. Да се биде дел од тој настан навистина е посебен момент за секој ракометар. Она што е многу чудно во последните неколку години е тоа што фаворитот никогаш не го освојуваше трофејот. Можеби една од причините е тоа што треба да одиграш два перфекти меча за само 24 часа. Во Келн ќе дадам сè од себе за овој тим, бидејќи навивачите го очекуваат тоа од мене“, рече Лазаров. 

Лазаров мораше да одговори и на неколку прашања повразани со нашиот РК Вардар и негов следен противник.

„Вардар има перфектна сезона, а ова прашање мислам дека повеќе е политичко отколку спортско. Не сакам да навлегувам, ниту пак да коментирам. Она што е најважно е дека во финалето ќе има двајца Македонци. Ако го победиме Вардар очекувам поддршка од македонските фанови кои ќе допатуваат во Келн за да го бодрат македонскиот шампион“, додаде Кирил Лазаров.