Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Реал Сосиедад игра во одлична форма на стартот од сезоната во Ла лига
Реал Сосиедад игра во одлична форма на стартот од сезоната во Ла лига

Реал Сосиедад игра во одлична форма на стартот од сезоната во Ла лига

Нашиот фудбалски шампион во текот на вчерашниот ден ги доби противниците во групната фаза од лигата на Европа. Тоа се екипите на Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.

Реал Сосиедад и по одигрување на второто коло во Ла лига има максимален број на освоени бодови. Жолтата подморница, екипата на Виљареал беше “потопена„ на стадионот “Аноета„, каде на 19 октомври ќе гостува и Вардар. Сосиедад го доби дуелот против Виљареал убедливо и полесно од очекувањата со резултат од 3:0. Хозе, Прието и Хуанми беа стрелци на головите за екипата од Сан Себастијан. Во првото коло на стартот на новата сезона во домашното првенство, Реал Сосиедад со резултат 2:3 ја победи екипата на Селта Виго на гостински терен.

Сигурно тренерот на Вардар, Чеде Јаневски го следел овој меч на Сосиедад и ја анализирал нивната игра, како и најголемите опасности, но и недостатоци на нашиот противник во групната фаза од ЛЕ.