Еден од главните адути на Роберто Манчини во нападот е рускиот играч Александер Кокорин. Кокорин малку потценувачки изјави дека не знае ништо за тимот на Вардар, нивниот прв противник во групата.
“Не знам ништо за Вардар. Знам дека Зенит е голем фаворит во оваа група”, изјави напаѓачот на Зенит, Кокорин.
Можност да го запознае Вардар ќе има уште во првото коло на 14. септември на мечот во Скопје.