Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ивановиќ: Најдобро од сите го познавам тимот на Вардар
Ивановиќ: Најдобро од сите го познавам тимот на Вардар

Ивановиќ: Најдобро од сите го познавам тимот на Вардар

Српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ за интернет-страницата на Зенит изјави дека за него лично дуелот со Вардар ќе биде најинтересен во групата. Прославениот играч на Челзи вели:

“Имаме тешка група, сите тимови се сериозни. Најдобро од сите го познавам тимот на Вардар, кој исто така е сериозен ривал. Тешко е да се игра и против шпански тимови. Се на се, ќе биде интересно, а ние ќе мораме да дадеме се од себе за да ја поминеме групата. Ако мене ме прашувате, најинтересен меч ќе биде тој со Вардар“, – изјави Ивановиќ.