Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ростов ривал на ЖРК Вардар во денешното финале на турнирот “Вардар-2017“
Ростов ривал на ЖРК Вардар во денешното финале на турнирот “Вардар-2017“

Ростов ривал на ЖРК Вардар во денешното финале на турнирот “Вардар-2017“

Денес, сабота   во  финалето на ракометниот турнир „Вардар 2017″ кој се игра во скопје  ќе се сретнат екипите на Вардар и Ростов, овој дуел е  реприза на првото финале од 2015 година. Мечот е закажан со почеток во  18-00 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Ростов во последниот натпревар од групата го победи Одензе со 30-28 и како првопласиран дојде во ситуација да игра во финалето. Дуелот меѓу Кубан Краснодар и Будуќност решаваше која екипа ќе игра за третото место. Русинките имаа предност во најголем дел од средбата а во средината на вториот дел и разлика од пет голови. Но, младите ракометарки на Будуќност играјќи максималано пожртвувано се вратија во игра и на крајот имаа и предност од 29-26. На крајот поранешниот европски првак се радуваше на триумф од 29-28.

Мечеви за пласман (26 август 2017)
14 ч. Одензе – Кубан (Меч за 5 место)
16 ч. Будуќност – ЧСМ Букурешт (Меч за 3 место)
18 ч. Вардар – Ростов (Финале)